Ронда Роуз се врати во ММА по десет години и ја заврши кариерата на совршен начин. Легендарната Американка ја победи Џина Карано за само 15 секунди, и тоа со нејзиниот потег со „полуга“ на раката.
Роуз, која има 39 години, покажа дека дури и една деценија надвор од октагонот не оставила преголема трага, бидејќи брзо ја заврши борбата против жената што ја нарекуваше свој идол.
За поранешната шампионка на УФЦ, ова беше нејзината 13 победа во 15 професионални борби, а дури десет од нив ги заврши со познатиот зафат. Пред спектаклот во Лос Анџелес, Роуз рече дека сака да „го препише крајот на својата приказна во ММА“, а по борбата не ги криеше своите емоции.
„Џина е личноста што ме донесе во ММА и единствената личност што можеше да ме врати во ММА. Таа е мојот херој“, рече Роуз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
