Легендарната Ронда Роузи се враќа во УФЦ!

Легендарната ММА ѕвезда и една од шампионките на УФЦ, Ронда Раузи, почна да тренира и сериозно размислува да се врати на борбите.

Последната борба на Ронда Раузи беше во декември 2016 година против Аманда Нуњез кога доживеа болен пораз.

Треба да се напомене дека Ронда Раузи роди две деца за време на деветгодишна пауза, а во јануари оваа година се породи по втор пат. Таа беше шампионка на УФЦ и пионерка во женските боречки вештини.

Американката беше првата жена што се бореше во главниот настан на ноќта во октагонот во 2013 година, а нејзината доминација во бантам категоријата ги постави темелите за популарноста на спортот денес.

Се вчитува...