Легендарниот Арон Роџерс уште една сезона во НФЛ лигата

Арон Роџерс сепак нема да се пензионира. Според ЕСПН, четирикратниот МВП во НФЛ лигата ќе потпише нов едногодишен договор со Питсбург Стилерс вреден 25 милиони долари.

Основната плата треба да биде помеѓу 22 и 23 милиони, со дополнителни бонуси преку разни клаузули.

Роџерс, кој ќе наполни 43 години во декември, веќе се врати во Питсбург пред почетокот на тренинг кампот, а американските медиуми објавија дека бил виден во градот со неколку соиграчи.

Иако со месеци се шпекулираше дека можеби ќе ја заврши кариерата, Стилерс останаа во контакт со легендарниот квотербек во текот на целиот процес и беа уверени дека тој ќе остане.

Новиот тренер на тимот, Мајк Мекарти, сакаше повторно да соработува со Роџерс, бидејќи поминаа 13 години заедно во Грин Беј.

Се вчитува...