Легендарниот Бојан Крижај објави банкрот – Мора да ја продаде куќата за да ги подмири долговите

Прославениот југословенски скијач Бојан Крижај, е во големи финансиски проблеми. Тој банкротираше па мора да ја продаде куќата како би ги подмирил долговите кои изнесуваат огромни 1,7 милиони евра.

Куќата има 711 квадрати, а се наоѓа на парцела од 19 илјади квадрати во градот Тржице кој е блиску до австриската граница. Иако беше еден од најдобрите скијачи на сите времиња, во бизнисот легендарниот Словенец не се снајде најдобро.

Прво увезуваше австриско пиво во Словенија, а работеше и како советник за спортската опрема Елан, меѓутоа не му одеше најдобро како во скијањето. Фирмата Сортитус во Хрватска исто така му пропадна, а среќа немаше ниту со сточниот комплекс во Копер.

Лошите инвестиции на Крижај конечно дојдоа на наплата па сега човекот на кого му се воодушевуваше цела Југославија мора да остане и без својата куќа.

Се вчитува...