Она за што се зборуваше со денови, сега доби и официјална потврда. Имено, Џенаро Гатузо ја презема италијанската репрезентација. Оваа вест ја потврди некогашниот соиграч на Гатузо и легендата на италијанскиот фудбал, Џанлуиџи Буфон кој сега ја извршува функцијата менаџер на националниот тим на „Азурите“.
Италијанците моментално се во тешка позиција во квалификациите за Светското првенство во 2026 година, каде што се во група со Норвешка, Израел, Естонија и Молдавија. Тие имаат само една победа од два натпревари.
„Ја донесовме најдобрата можна одлука“, рече легендарниот голман.
Покрај Гатузо, меѓу кандидатите беа Раниери, Пиоли, Де Роси и Канаваро, но на крајот изборот падна на поранешниот тренер на Хајдук. Гатузо доаѓа на местото на Лучијано Спалети кој доби отказ после поразот од Норвешка од 3-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА