Легендарниот Џон Тери заминува во пензија: „По 23 години, дојде време…“

Легендарниот англиски репрезентативец и поранешен капитен на Челси, Џон Тери, објави дека ја завршува активната кариера и заминува во пензија. По четири месеци без клуб, откако си замина од Астон Вила, клубот каде продолжи да игра по напуштањето на „Стемфорд бриџ“, фантастичниот одбранбен фудбалер реши да стави крај на кариерата.

 

„По неверојатни 23 години како фудбалер, одлучив дека е вистинско време да се повлечам“, напиша Џон Тери на Твитер, дополнувајќи го својот статус со големо „БЛАГОДАРАМ“.

Џон Тери од 1998 до 2017 година одигра 492 натпревари во дресот на Челси и постигна 42 гола. Тој е најуспешен капитен во историјата на клубот од „Стемфорд бриџ“, освојувајќи пет шампионски титули во Премиер-лигата, по еден трофеј во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа. Во сезоната 2017/18 беше член на Астон Вила, а потоа одби понуди од Русија од Кина.

За репрезентацијата на Англија одигра 78 натпревари и постигна шест гола.

Се вчитува...