Легендарниот Герд Милер го изгубил помнењето – Не ги препознава ниту пријателите

Легендарниот напаѓач на Баерн Минхен и германската репрезентација, Герд Милер се бори со деменција во баварски дом за стари лица. 74-годишникот е во тешка здраствена состојба, бидејќи го губи помнењето и станува сенилен.

Кога ќе го посетат пријателите, како Франц Бекенбауер тој секогаш не ги препознава. Некои избегнуваат да го посетат, бидејќи како што велат „тешко е да гледате таков голем човек во толку тешка состојба. Не ве познава и мисли дека сте странци“.

Тој беше дел од Баерн Минхен во периодот од 1964 до 1979 година. Во кариерата постигна вкупно 620 гола. Со Баерн Минхен успеа да ги освои сите трофеи, а со репрезентацијата на Германија во 1974 година го освои Светското првенство.

Се вчитува...