Легендарниот Хакан Шукур моли за помош: „Се ми зедоа…“

Славниот турски напаѓач, Хакан Шукур побегна пред неколку години од Турција каде беше обвинет за поддршка на ФЕТО, организацијата која во оваа земја се смета за терористичка.

Шукур неколку години во САД за живот се бори возејќи такси, за да сега бара помош од свои поранешни фудбалски пријатели за враќање во Европа.

„Мојата ситуација е навистина тешка. Ми зедоа буквално се, се што стекнав и инвестирав во Турција“ – вели Шукур кој за се го обвинува турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Целокупниот имот стекнат од богатата негова кариера е со години „замрзната“ затоа што јавно зборуваше против Ердоган. Во Калифорнија, покрај тоа што вози такси, отвори пекара со турски специјалитети.

„Ердоган најпрво ме молеше да пристапам на неговата политичка партија како би добил повеќе гласови на изборите, а потоа ме претвори во државен непријател затоа што не се согласував со некои негови ставови. Се ми зедоа, семејството ми го протераа, таткото ми го уапсија. Сите кои го подигнаа гласот и бараа демократија сега плаќаат цена. Сега би сакал да се вратам во Европа, во Италија каде имам многу поранешни пријатели. Ако некој е доволно храбар да ми пружи можност, би бил пресреќен. Тоа многу би ми значило“ – вели Шукур.

Се вчитува...