Легендарниот Хрват е еден од примерите за Јокиќ: Дражен и Дивац ни ја отворија вратата од НБА на нас од Југославија

Денвер славеше против Мајами со 104-93 и поведе со 1-0 во големото финале од НБА лигата. Никола Јокиќ повторно беше во центарот на сите случувања со деветтиот трипл-дабл во плејофот сезонава (поправајќи го својот рекорд) и 15-ти трипл-дабл во кариерата во плеј-оф мечевите. Само Џејсон Кид во 2022 година пред него во финале дебитирал со трипл-дабл учинок.

По мечот Јокиќ зборуваше и за детството и својот пат кон НБА лигата од Србија, истакнувајќи ги Дражен Петровиќ и Владе Дивац како негови пример за успех…

„Не ја следев многу НБА додека бев во Србија. Но, знам дека Дражен Петровиќ и Владе Дивац кои беа меѓу првите од Европа се токму тие кои ни ја отворија вратата на нас европјаните, посебно за оние од Југославија“ – вели Јокиќ, дополнувајќи дека добива многу пораки од Србија, но и од Хрватска.

„Добивам многу пораки со поддршка. Слушам дека луѓето се организираат заеднички среде ноќ да ги гледаат натпреварите, па сега е четири наутро на Балканот. Тоа покажува дека сакаат да гледаат сонародник кој игра на високо ниво“.

А, околу тоа колку е славен кога ќе дојде дома во својот Сомбор.

„Првите две недели не можам слободно да одам по Сомбор. Но се е нормално потоа, откако ќе се сликам со сите“ – одговори Јокиќ.

Се вчитува...