Шкртел нема сили – по тешката повреда ќе се пензионира

Турскиот првак Башакшехир спогодбено го раскина договорот со искусниот дефанзивец Мартин Шкртел (36), кој ја скина ахиловата тетива за време на неодамнешниот натпревар со Касимпаша (2: 2). Шкртел, чиј договор истече на крајот на сезоната, се согласил да го напушти клубот предвреме и сега размислува да ја заврши кариерата.

Башакшехир веќе го ангажираше Лео Дуарте како замена за искусниот Словак, кој пристигна во Истанбул на една и пол годишна позајмица од Милан, со можност за откуп на договорот. За една и пол година во тимот на „росонерите“, Бразилецот одигра само девет натпревари оваа сезона.

Шкртел мина една и пол сезона во Башакшехир, тој беше еден од дефанзивните столбови на тимот што му го донесе пехарот во Купот на Турција, но и ланската титула во првенството на оваа земја. Оваа сезона тој одигра десет натпревари во турското првенство, забележувајќи една асистенција. Словакот исто така одигра пет натпревари во првата фаза од Лигата на шампионите, вклучувајќи ја и сензационалната победа на Башакшехир над Манчестер Јунајтед (2: 1) во ноември.

Словачкиот интернационалец во својата кариера ќе биде запаметен најмногу како играч на Ливерпул, откако за англискиот гигант одигра 320 натпревари и постигна 18 погодоци во сите натпреварувања, од 2007 до 2016 година. Откако се раздели со „црвените“, тој го носеше дресот на Фенербахче три сезони, а во 2019 година беше на кратко член на Аталанта. Бидејќи не успеа да се прилагоди на новата средина, по три недели, тој побара раскин на договорот и се врати во Истанбул, но во редовите на Башакшехир.

Се вчитува...