Легендарниот Јане Ахонен ја завршува кариерата

Петкратниот освојувач на турнејата „Четири скокалници“, освојувачот на 10 медали од светските првенства и победникот на 108 натпреварувања од Светскиот куп, Финецот Јане Ахонен на 41 година ја завршува кариерата.

Легендата на ски-скоковите најавуваше повлекување и во 2008 и во 2011 година, но потоа повторно се враќаше во Светскиот куп. Последниот настап на „летечкиот Финец“ беше во март годинава во неговиот роден град, Лахти, точно 25 години од дебито во далечната 1992 година.

„Никогаш нема да се откажам од ски-скоковите, ќе продолжам да скокам кога ќе почувствувам потреба, но можам да потврдам дека веќе нема да бидам дел од официјални натпреварувања“ – изјави Ахонен.

Најслабиот дел од успешната кариера на Ахонен беа Олимписките Игри. Во 14 учества успеа да освои само две тимски сребра, во 2002 и во 2006 година.

 

 

Се вчитува...