Легендарниот Кевин Киган ја бие најголемата битка во својот живот

Ееден од најголемите англиски фудбалери на сите времиња, единствениот британски двоен освојувач на Златната топка и жива легенда на Сканторп, Ливерпул, Хамбург, Саутемптон и Њукасл, Кевин Киган е во болница откако му е дијагностициран рак.

„Харизматичниот Англичанец, кој по завршувањето на играчката кариера беше менаџер на Њукасл, Фулам, Манчестер Сити, како и селектор на Англија, беше примен во болница на лекување поради симптоми во пределот на стомакот“, се вели во соопштението за медиумите на Њукасл.

„Кралу Кевин, ние сме со тебе на секој чекор. Ти посакуваме целосно и брзо закрепнување“, објави црно-белиот на мрежата „X“.

Се вчитува...