Легендарниот Кире Лазаров: 17. пат во четвртфинале на ЛШ – рекорд кој тешко кој може да го сруши!

Најдобриот македонски ракометар на сите времиња и актуелен селектор, Кирил Лазаров постави рекорд во Лигата на шампионите кој тешко дека било кој ќе може да го сруши долго време.

Лазаров оваа сезона го игра своето 17. четвртфинале во Лигата на шампионите. Овој пат во третото четвртфинале во дресот на француски Нант, против Веспрем со кого, пак, има најмногу четвртфинални дуели во најквалитетното европско клупско натпреварување – дури осум, во период од 2002 до 2007 година.

Македонскиот селектор на свои 15 години во 1995 година го одигра првиот натпревар во Лигата на шампионите, и од тогаш е ненадмината легенда на европскиот ракомет. 41-годишниот Лазаров е и најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите со 1471 постигнат гол. А, уште многу го очекуваат ако се знае дека и следната сезона и натаму ќе игра во дресот на Нант.

Се вчитува...