Легендарниот Клаудио Пизаро замина во пензија

Легендарниот напаѓач на Вердер Бремен, Клаудио Пизаро, стави крај на професионална кариера. Тој 41 – годишна возраст одлучи да замине во пензија, а соиграчите од Вердер го кренаа на раце и го фрлаа во воздух откако тимот успеа да го сочува статусот во Бундес-лигата, елиминирајќи го Хајденхајм во плеј-аутот.

Клаудио Пизаро покрај за Вердер, играше и во големи европски клубови, Баерн Минхен и Челси. Како дел од Баерн, Перуанецот беше шампион на Германија (2003, 2005, 2006, 2013, 2014, 2015), победник на Купот на Германија (2003, 2005, 2006, 2013, 2014 година) и победник во Лигата на шампиони (сезона 2012/2013). Во Бундес-лигата постигна фантастични 197 погодоци.

Пизаро има 85 настапи за фудбалската репрезентација на Перу во периодот од 1999 до 2016 година, на кои постигна 20 гола.

 

 

Се вчитува...