Легендарниот Колина пресуди: Беше пенал за Реал!

Еден од најдобрите судии на сите времиња, Италијанецот Пјерлуиџи Колина даде свое мислење за пеналот кој Англичанецот Мајкл Оливер го досуди за Реал Мадрид во судиското продолжение на мечот со Јувентус.

Пеналот од европската фудбалска јавност беше прогласен за исклучително контроверзен. Многумина сметаат дека не требало да биде досуден, на еден таков меч и на крајот, но легендарниот Колина, кој сега ја извршува функцијата шеф на судиите при УЕФА тврди дека пеналот постоел.

„Пеналот на Васкез е сосема исправно досуден. Ја гледав снимката на пеналот од повеќе агли. Судијата не погреши. Донесе исправна одлука и покрај важноста на мечот и големиот притисок“ – изјави Колина за „Л’Екип“.

Од Јувентус, по нивната елиминација, го обвинуваа дури и Колина наведувајќи дека свесно е против италијанските клубови. Но, како и да е, во Торинот на крајот мораа да се помират со фактичката ситуација дека ги завршија настапите за оваа година во ЛШ.

Се вчитува...