Легендарниот Лaв Јашин на официјалниот постер за мундијалот во Русија (ФОТО + ВИДЕО)

ФИФА го претстави официјалниот „трејлер“ и постер за претстојното Светско првенство во Русија, а на него се појави легендарниот руски голман на поранешниот Советски сојуз, Лав Јашин. За дизајнот на овој постер беше задолжен рускиот уметник Игор Гурович, па тој го одбра Јашин како најзвучно име во историјата на рускиот фудбал.

Лав Јашин целата кариера ја помина чувајќи ја мрежата на Динамо Москва, каде забележа вкупно 326 настапи, додека за поранешниот Советски сојуз бранеше во 74 наврати. Јашин во 2000 година беше избран за најдобар голман во 20. век.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=36&v=6kSs84PXNsY

Се вчитува...