Легендарниот Оле Еинар Бјорндален ја завршува кариерата

Легендарниот нордиски скијач Оле Еинар Бјорндален објави дека на крајот од сезоната ќе ја заврши својата фантастилна кариера. На 44-годишна возраст, тој чувствува дека неговото тело веќе не може да одговори на предизвиците, а сака многу повеќе време да му посвети и на своето семејство.

„Кралот Оле“, како што го нарекуваат во Норвешка, е најуспешниот спортист во историјата на Зимските Олимписки Игри, со 13 освоени медали, од кои осум златни одличја. Тој е освојувач на шест кристални глобуси во бијатлон и има 45 медали од значајните светски натпреварувања, од кои 20. На последните Зимски Олимписки Игри во Пјонгчанг не настапи поради слабите индивидуални резултати што ги имаше минатата година.

„Морам да забавам, така ме советуваа докторите, но и моето семејство. Имам и одредени проблеми со срцето и реално, веќе не можам да се натпреварувам на највисоко ниво. Состојбата не е опасна, но е непријатна, а за мене најтешко е што морам да кажам – крај“, изјави во солзи, Оле Еинар Бјорндален.

 

 

Се вчитува...