Поранешната ѕвезда на Њујорк никс, 57-годишниот Патрик Јуинг преку својот официјален Твитер профил објави дека е позитивен на Ковид-19, а поради лошата состојба и хоспитализиран.
„Овој вирус е опасен и не треба да се прифаќа несериозно. Сакам да им порачам на сите да бидат внимателни. Сега повеќе од било кога сакам да се заблагодарам на здравствените лица и на сите кои се на првата борбена линија против коронавирусот“ – напиша Јуинг.
Патрик Јуинг во моментов е тренер на универзитетскиот тим Џорџтаун.
„Тој е единствениот член на кошаркарскиот програм кој е позитивен на вирусот“ – соопштија и од Џорџтаун.
Поранешната НБА ѕвезда одигра 17 сезони, главно во дресот на Њујорк никс, и 11 пати беше дел од Ол-стар тимот на НБА лигата. Има и две златни олимписки медали со САД од 1984 и од 1992 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА