Легендарниот Прост ги загуби нервите поради документарецот за Сена: „Глупости, глупости… се е измислено!“

Легендарниот Формула 1 возач, Алан Прост жестоко го критикуваше начинот на кој е прикажано неговото ривалство со Аиртон Сена во документарната серија која минатата година ја објави Нетфликс, по повод 30-годишнината од неговата трагична смрт.

Серијата ја опфаќа тркачката кариерана Сена, но и односот со Прост, со кој го имаше едно од најпознатите ривалства во историјата на спортот. Сепак, четирикратниот светски шампион тврди дека приказот во серијата нема никаква врска со реалноста.

„Глупости, глупости, целосна глупост. Речиси се е целосно измислено“ – вели Прост.

„Сум гледал само неколку сцени и слушнав многу коментари. Како и со филмот „Сена“, на кој веројатно потрошив повеќе време отколку на мојот сопствен документарец, не можам да бидам задоволен ниту со оваа серија. Секогаш има добар и лош. Знам малку за приказната што се раскажува таму и да, тоа е биографска серија, но за жал, има некои повторувачки приказни кои се додаваат и се целосно измислени“.

Прост и Сена беа тимски возачи во Мекларен во 1988 и 1989 година, во периодот кога Хонда се пресели од Вилијамс во Мекларен.

Французинот веќе беше сигурен во тимот, но Хонда сакаше бразилски возач поради силниот пазар во Јужна Америка. На крајот добија неверојатно доминантен болид, но и едно од најжестоките ривалства во историјата на Формула 1.

Сепак, и покрај нивните конфликти на патеката, тие двајца подоцна станаа пријатели. Прост минатата година во интервју за „Аутоспорт“ говореше за нивната врска, велејќи дека не му останале лоши моменти во сеќавање.

„Не се сеќавам на лоши моменти или лоши спомени од него. Се сеќавам на последните шест месеци од неговиот живот. Тогаш го запознав подобро од кога било досега. Тој беше сосема друга личност, разбрав кој е тој навистина и зошто понекогаш реагираше така“ – рече Прост.

Прост, исто така, откри дека кон крајот често зборувале за безбедноста во спортот, што особено го погодило по трагичната смрт на Сенина.

„Кон крајот, кога се приближивме, беше чудно бидејќи често зборувавме за лошата безбедност на патеките. Многу пати ме замоли да го преземам раководството на ГПДА, но јас одбив. Имавме многу приватни обврски во тоа време. Тоа се спомени што ги носам со себе до неговиот последен ден. Го видов два или три пати непосредно пред Имола и дотогаш тој веќе беше друга личност за мене“ – вели Прост кој, како што вели, избрал да се сеќава на Сена од последните заеднички години, кога двајцата конечно се зближија.

Се вчитува...