Легендарниот Ратко Рудиќ му кажа збогум на ватерполото

Легендарниот ватерполо стратег Ратко Рудиќ објави дека и официјално ја завршува кариерата во која како играч, тренер и селектор освои вкупно 67 медали. Последниот ангажман му беше на чело на италијанскиот прволигаш Про Секо, но пандемијата од коронавирусот го спречи Рудиќ и во последната сезона да освои барем еден трофеј.

„Коронавирусот ни ги уништи соништата. Сакав да се збогувам со најмалку еден голем трофеј, но одлуката за пензионирање ја донесув уште пред појавувањето на пандемијата и нема сега да ја менувам. Впрочем, неизвесно е дали и како ќе продолжи да се игра ватерполо во следната сезона“, изјави Рудиќ.

Овој 71-годишен стратег во неповторливата кариера има четири олимписки злата, две со Југославија (1984 и 1988), едно со Италија (1992) и едно со селекцијата на Хрватска (на ЛОИ во Лондон во 2012 година).

Се вчитува...