Легендарниот Савичевиќ имаше гостување на телевизија кое уште долго ќе се прераскажува (ВИДЕО)

Поранешните црногорски фудбалери Дејан Савиќевиќ и Дејан Пековиќ Џаја имаа жесток вербален дуел при гостување на една црногорска телевизија.

Савиќевиќ е повеќе од две децении претседател на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора, а Пековиќ е чест критичар на неговата работа. Во дебатната емисија, двајцата изнесуваа аргументи за своите тврдења, се до моментот кога Пековиќ го спомна поранешниот селектор на У21 репрезентација на Црна Гора, Мојаш Радоњиќ.

Некогашниот играч на Црвена Звезда и Милан тука збесна и почна да го дискредитира својот соговорник и неговата играчка кариера.

Се вчитува...