Легендарниот шпански кошаркар стави крај на кариерата

Шпанскиот кошаркар Пау Рибас (38), капитен на Хувентуд од Бадалона, објави дека на крајот од сезоната ќе ја заврши својата богата играчка кариера.

Во текот на својата кариера играше за Хувентуд, Прат, Басконија, Валенсија, Барселона, а во 2020 година се врати во тимот од Бадалона.

Меѓу трофеите на клубот, тој го има Еврокупот, титулата во шпанското првенство, три Кралски купа и Шпанскиот Суперкуп.

Тој беше прогласен за член на најдобрата петорка на Шпанското првенство во 2015 година, а истата година беше и МВП на Шпанскиот Суперкуп.

Со шпанската репрезентација освои златни медали на Евробаскетот во 2015 година и на Светското првенство во 2019 година.

Се вчитува...