Легендарниот Сигурдсон му кажа збогум на ракометот

Неколку седмици по Арпад Штербик, уште една ракометна легенда објави дека става крај на фантастичната кариера во овој спорт. Станува збор за Гујдон Валур Сигурдсон, 40-годишниот исландски крилен ракометар, кој обелодени дека му кажува збогум на спортот со кој доживеа бројни фантастични моменти.

Сигурдсон ја мина ланската сезона во ПСЖ, откако беше разменет со Уве Генсхајмер доаѓајќи од Рајн-Некар Левен. Иако играше на високо ниво, „светците“ решија да не му го продолжат договорот, со што дополнително влијаеја на неговата одлука да го забрза процесот на „пензионирање“.

Гудјон Валур Сигурдсон на почетоците настапуваше за Акурејри во исландското првенство, по што замина во Германија и почна интернационална кариера, носејќи го дресот на Гумерсбах, Рајн-Некар Левен, Копенхаген, Кил, Барселона и ПСЖ. Со Барселона стигна до титулата европски првак во 2015 година, кога дел од овој тим беше и нашиот Кире Лазаров.

Сигурдсон со години беше предводник на исландската репрезентација, настапувајќи на над 300 натпревари за националниот тим, притоа постигнувајќи 1.177 погодоци.

Се вчитува...