Легендарниот Столе Димовски става крај на кариерата на 43 години

Претстојниот саботен натпревар меѓу ГФК Тиквеш и Пелистер ќе донесе посебни емоции на градскиот стадион во Кавадарци. Долгогодишниот чувар на мрежата на кавадарчани, Столе Димовски (43), официјално ја завршува својата професионална кариера.

Димовски заминува во спортска пензија како најстар активен фудбалер во македонскиот шампионат. Зад себе остава импресивен багаж од над 180 официјални настапи во црвено-белиот дрес на Тиквеш, каде што со години важеше за вистински симбол на клубот, синоним за лојалност и пожртвуваност.

Неговиот фудбалски пат започна во 2008 година во Хоризонт Турново. Потоа настапуваше и за Металург, Тетекс, Борец и Македонија Ѓорче Петров, пред да стане незаменлив дел од тимот на Тиквеш.

Се вчитува...