Легендарниот Жером Фернандез заминува во пензија

Легендарниот француски ракометар Жером Фернандез објави дека по завршувањето на сезоната и дефинитивно ќе стави крај на својата играчка кариера и ќе му се посвети на тренерскиот занает. 40-годишниот Фернандез во последните две години има двојна улога, како играч и тренер на Екс Прованс, а отсега ќе продолжи само на тренерската клупа.

„Сакам јавно да објавам дека на 8.јуни во Данкерк ќе ставам конечен крај на мојата долга ракометна кариера. Отсега ќе имам само една улога, како тренер на тимот“, истакна Жером Фернандез.

Тој е еден од легендарните ракометари на Франција, играјќи на бековската позиција забележа 390 настапи во францускиот национален тим во периодот од 1997 до 2015 година. Тој е и рекордер според бројот на постигнати голови (1463) во селекцијата на „триколорите“. Освои две олимписки титули (2008, 2012), три европски титули (2006, 2010, 2014) и четири светски титули (2001, 2009, 2011, 2015) во дресот на Франција.

 

Се вчитува...