Легендата кажа КРАЈ: Омејер ја заврши кариерата

Ракометниот спорт од вечерва е посиромашен за една своја легенда откако Тиери Омејер реши на 42-годишна возраст да ја заврши фантастичната кариера. Францускиот голман се појави на голот на ПСЖ и придонесе со 15 интервенции во победата од 29-20, пред со овации од соиграчите и од навивачите да го напушти теренот.

Тиери Омејер својата кариера ја почна во далечната 1994 година на голот на Селестат. По шест години минати во овој клуб следеше трансфер во Монпелје, од каде во 2006 година се пресели во Кил. Во 2013 следеше кратко враќање на една сезона во Монпелје, по што франуската легенда од 2014 година, па се досега со голем успех го носеше дресот на ПСЖ.

Во неговата богата колекција на трофеи има пет титули светски првак, три трофеи европски шампион, а освои и два златни медали од Олимписките Игри. Тој беше избран за најдобар светски ракометар според ИХФ во 2008 година, а го доби и признанието за МВП на Светското Првенство во 2015.

Се вчитува...