Легендата кажа збогум: Серхио Родригез ја заврши кариерата

Серхио Родригез денеска објави дека става крај на својата фантастична кошаркарска кариера, откако легендарниот плејмејкер мина повеќе од две децении на терените ширум Европа, настапувајќи и во НБА-лигата во дресот на Портланд, Сакраменто и Њујорк.

Фантастичниот „Чачо“ ќе остане запаметен по магичните асистенции за сите тимови за кои настапуваше, кои го правеа омилен меѓу соиграчите.

Тој заминува во пензија како член на Реал Мадрид, тим за кој настапуваше најпрвин од 2010 до 2016 година, за да се врати назад меѓу „кралевите“ во 2022 и да остане дел од најтрофејниот клуб до крајот на својата кариера.

Серхио Родригез имаше и успешна репрезентативна кариера, со Шпанија стигнувајќи до злата на СП во 2006, на Евробаскет 2015, сребрени медали освои на Евробаскет 2007 и на ОИ во Лондон во 2017, додека со бронзени одличја се закити на ОИ во Рио во 2016, како и на Евробаскет 2013 и 2017.

Се вчитува...