Легендата на Баерн Минхен ја затвори вратата за Роналдо

Се поизвесно е дека Кристијано Роналдо ова лето ќе замине од Манчестер Јунајтед по потрага по настап во Лигата на Шампионите, но останува неизвесно која ќе биде неговата следна дестинација. Како опции се јавуваат Челси и Баерн Минхен, но Оливер Кан ја затвори вратата за португалскиот ас во германскиот состав.

Легендата на клубот кој во моментот е дел од одборот изјави дека Кристијано Роналдо едностано не се поклопува во филозофијата на клубот.

„Колку и да го ценам Кристијано Роналдо како еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, тој не би се вклопил во филозофијата на Баерн Минхен“, изјави Кан.

Се вчитува...