Легендата на Барса, Виктор Валдес, тренер во филијала на Реал

Поранешниот голман на Барселона и шпански репрезентативец Виктор Валдес, почна тренерска кариера и одбра многу интересен пат. Само еден месец откако се здоби со првото ниво на тренерска лиценца, тој ќе стане тренер на младинскиот тим на Мораталаз, филијала на Реал Мадрид. Иако се работи за младински погон, секако дека овој негов ангажман ќе одекне во Шпанија, со оглед дека еден истакнат поранешен член на каталонскиот клуб сега му пристапува на клуб што е близок до Реал Мадрид.

Валдес минатата сезона ја заврши активната фудбалска кариера во англискиот клуб Мидлсборо, а претходно во кариерата освои 22 трофеи во дресот на Барселона. Тој исто така е и европски и светски првак со селекцијата на Шпанија, а сега навлегува во тренерскиот занает. Засега со неговиот степен на тренерско образование, може да предводи само младински тимови.

Се вчитува...