Легендата на Барселона, Виктор Томас ја завршува кариерата поради проблеми со срцето

Капитенот на шпанскиот ракометен првак, Барселона, Виктор Т0мас објави дека по завршувањето на оваа сезона се повлекува поради проблеми со срцето. Објавата дојде денеска на прес конференција и беше изнеадување.

„Овде сум за да соопштам неубава вест. Медицинскиот тим на клубот детектираше проблем и ако продолжам да играм ќе си предизвикам серизони здравствени проблеми. Ова е единствената причина поради која на крајот од оваа сезона ќе ја завршам кариерата“ – рече Томас соопштувајќи за повлекувањето.

Томас кој ќе полни 35 години овој месец има кариера од 20 години во Барселона, 15 од нив како првотимец. Има 11 титули во Шпанија, три трофеи во Лигата на шампиоините, 10 во Купот на кралот. Со шпанската репрезентација освои златен медал на Свтското првенство во 2013 година, бронза на Олимписките игри во 2008 година како и две медали од Европските првнества во Данска во 2014 и во Полска во 2016 година.

 

 

Се вчитува...