Легендата на Јувентус полуде по поразот од Сасуоло (ВИДЕО)

Јувентус го доживеа и третиот пораз во италијанското првенство откако во 10. коло загуби на домашен терен од Сасуоло со 1-2. „Старата дама“ негативата со која се стекна во 44. минута ја надокнади во 76. минута со голот на МекКени, но победа за гостите донесе Лопез со гол од контра напад во петата минута од судиското продолжение.

Овој пораз лошо го прифати легендарниот фудбалер и освојувач на Златната топка, Павел Недвед кој камерите го зактенаа како урла во ложата.

Потпретседателот на клубот беше жестоко изнервиран поради поразот од Сасуоло, откако сега Јувентус заостанува 13 бода зад лидерот Милан. Јасно се гледа колку беше изнервиран Недвед, па постојано врескаше поради грешките на играчите, додека Анњели беше мирен покрај него.

 

 

 

Се вчитува...