Легендата на Милан: Интер веќе го освои Скудетото

Некогашниот легендарен фудбалер на Милан Паоло Малдини, го кажа своето видување за сезонава во Серија „А“. Тој најпрво зборуваше дека додека бил во Милан, се обидел да го убеди Лионел Меси да дојде во таборот на „росонерите“, но тоа било невозможно.

Малдини по само 12 одиграни кола, смета дека Интер ќе биде новиот шампион на Италија.

„Скудетото? Веќе го освои Интер“, кратко коментираше Малдини, кој со оваа изјава ја разбрани јавноста, особено кај навивачите на Милан.

Малдини по завршувањето на кариерата беше во раководните структури на Милан, а сега е без ангажман. Се шпекулира дека би можел да стане спортски директор во Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...