Легендата на Ренџерс призна: Се извинувам, погрешив, Миовски и тоа како е играч за Селтик или Глазгов Ренџерс!

Легендата на Глазгов Ренџерс, поранешниот негов капитен Бери Фергусон признава дека погрешил кога е во прашање македонскиот репрезентативец Бојан Миовски.

Фергусон на крајот од минатата сезона истакна дека Миовски е „ок играч“ за Абердин, но не очекува да го надградува своето ниво низ текот на сезоните. Сепак, по извонредниот почеток на новата сезона и беспрекорните настапи на Миовски со кои Абердин дојде и до финалето во Лига купот на Шкотска, а посебно по прекрасниот гол изминатиов викенд против Глазгов Ренџерс, Фергусон сега го менува мислењето.

„Се извинувам, признавам дека погрешив со минатите проценки. Тој навистина ми се допаѓа. Има одлично движење и брилијантна завршница. Неговата сеопфатна игра исто така е одлична. Не бев премногу сигурен во него претходно, но тој е стрелец кој тешко може да се најде“ – вели сега Фергусон.

А, на прашањето дали би се снашол во Селтик или Глазгов Ренџерс…

„Да, секако. Миовски е и тоа како е добар да игра за Селтик или Глазгов Ренџерс. Па, тој покажа дека може да биде доволно добар. Да се дадат 11 гола за тимот на Абердин кој оваа сезона и тоа како се мачи, е навистина импресивен индивидуален ефект. Тој дефинитивно е одличен голгетер а исто така може одлично да одговори и во играта во средниот ред“ – истакнува легендата на Глазгов Ренџерс.

Бојан Миовски сезонава постигна 11 гола на 21 настап во сите натпреварувања за Абердин. И покрај проблемите на неговиот тим оваа сезона, Миовски е беспрекорен и со четири гола постигнати во европските натпреварувања, како и гол за пласман во финалето нашкотскиот куп.

Македонскиот репрезентативец постигна 18 гола во својата дебитантска сезона минатата година за Абердин, а сега е на пат да го сруши тоа свое постигнување.

Се вчитува...