Хрватскиот стратег Игор Тудор се очекува наскоро да биде промовиран за нов тренер на англискиот премиерлигаш Тотенхен.
„Петлите“ се во лоша ситуација и се наоѓаат на 16. место на табелата со само 29 освоени бодови па спас на сезоната гледаат во Хрватот кој последно работеше во Јувентус.
Тудор треба да добие краткотраен договор по што од лето Тотенхем ќе бара нов постојан тренер. Сепак не секој се сложува дека хрватскиот стратег е идеалното решение за клубот.
Еден од нив е поранешниот англиски репрезентативец и легенда на лондонскиот клуб, Теди Шеринхем.
„Не можам да верувам. Па се борат за опстанок во Премиерлигата. Знае ли тој нешто за ова првенство? Тука фудбалот брзо ќе го удри во глава. Земаа тренер кој нема врска што го чека во Премиерлигата во следните шест недели. Кој носи вакви одлуки? Не можам да го прифатам тоа“, изјави Шеринхем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

