Легендата не оди во пензија: Буфон ќе брани уште една сезона

Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон нема да замине во пензија по завршувањето на оваа сезона. Планот најверонатно го расипа неучеството на Италија на Светското првенство во Русија, со оглед дека големиот Џиџи сакаше да се збогува на мундијалската сцена. Но, сега е на добар пат да се премисли, иако конечната одлука му ја препушти на Јувентус.

„Јувентус или заминување, јас се чувствува добро, а сигурно нема да дозволам некој да си помисли дека само од сожалување ме пуштаат на голот. Оваа сезона направив неколку грешки, но имав и одлични натпревари на своето ниво. Се чувствувам идентично како и последните седум – осум години. Ќе видиме, наскоро ме очекува разговор со Ањели, па ако клубот одлучи – тогаш останувам да бранам уште една сезона“, изјави Џанлуиџи Буфон за италијанските медиуми.

После подолга пауза, се очекува Буфон да се врати меѓу диреците за мечот против Киево.

Се вчитува...