Легендарниот швајцарски тенисер, Стен д Мен Вавринка го одигра последниот натпревар на Ролан Гарос во својата кариера. На почетокот на турнирот, кој го освои во 2015 година, швајцарскиот ветеран беше поразен од Холанѓанецот Јеспер Де Јонг со 6-3, 3-6, 6-3, 6-4 по три часа и две минути игра.
Вавринка наполни 41 година во март, а во кариерата освои три гранд-слем титули. Покрај споменатата во Париз, тој го има и трофејот од Отвореното првенство на Австралија во 2014 година и Отвореното првенство на САД во 2016 година.
Во следната рунда, Де Јонг го очекува дуел со италијанскиот квалификант Федерико Чина, кој го елиминираше Рајли Опелска од САД.
😢#RolandGarros pic.twitter.com/ahTYzZfdyA
— Roland-Garros (@rolandgarros) May 25, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
