Легендата Стивен Џерард се врати во својот Ливерпул, како тренер во академијата

Фудбалската легенда на Ливерпул, Стивен Џерард, од денеска е тренер во академијата на клубот. Тој по американската одисеја, ја заврши активната кариера и сега почнува нова, во тренерскиот занает. Неговото богато искуство и огромно фудбалско знаење ќе го пренесува на младите фудбалери во академијата на Ливерпул. Со работа ќе почне на почетокот на идниот месец.

„Се чувствувам како да сум го комплетирал кругот. Се враќам на местото каде јас учев, за да им ги пренесувам фудбалските вештини на младите фудбалери. Ова не е одлука донесена само на емоции, туку со едно темелно размислување, што би можел јас да придонесам за клубот. Мислам дека воопшто нема потреба да објаснувам што Ливерпул значи за мене, а кога одлучив да се вратам, сакав да добијам улога во која ќе се препознаам,. но и која ќе биде адекватна за моите тренерски почетоци“, изјави Стивен Џерард.

Се вчитува...