Лејкерс без Ентони Дејвис не личи на екипа, продолжува кризата на Бостон (ВИДЕО)

Продолжува кризата на Бостон селтикс во НБА лигата, синоќа запишувајќи го и седмиот пораз во последните десет натпревари. Бостон загуби од Атланта со 127-112, во една од најдобрите партии во кариерата на Данило Галинари кој постигна 38 поени, со десет погодени тројки.

Кога на тоа ќе се додадат 33 поени на Јанг, јасно е дека Бостон беше без шанси. Џејлен Браун запиша 17 поени, а Џеф Таг мечот го заврши со 14 поени, кај раздрманиот Бостон.

На победнички патеки се врати Јута која славеше против ЛА Лејкерс со 114-89. Лејкерс без Ентони Дејвис се сосема друга екипа. Шест кошаркари на домашната екипа постигна повеќе од 10 поени, а предводеа Кларксон и Гоберт со по 18 поени, додека Леброн Џејмс постигна 19 поени кај Лејкерс.

Џими Батлер го предводеше Мајами со 27 поени, осум скока и 1о асистенции, во победата од 116-108 над Торонто. Кај Тороно Ловри запиша 24 поени.

Во останатите синиќешни натпревари од НБА лигата, Кливленд го победи Хјустон со 112-96, Голден стејт славеше на гостувањето против Индијана со 107-111 а Чикаго беше подобар од Минесота со 133-126. Њу Орлеанс славеше против Детроит со 128-118, Оклахома го победи Сан Антонио со 102-99 а Шарлот триумфираше на гостувањето против Феникс со 121-124.

Се вчитува...