Лејкерс едноставно немаат „лек“ за Јокиќ и Денвер (ВИДЕО)

Актуелниот шампион во НБА лигата, Денвер нагетс поведе со 1-0 во четвртфиналната серија во Западната конференција, откако доцна синоќа на домашен терен славеше против Лос Анџелес лејкерс со 114-103.

Уште еднаш се покажа дека Леброн Џејмс и Ентони Дејвис едноставно немаат лек за актуелниот шампион кој ја запиша својата деветта победа во низа против „езерџиите“. Никола Јокиќ со 32 поени, 12 скока и седум асистенции беше прво име во Денвер, додека кај поразените Ентони Дејвис заврши со 32 поени и 14 скока.

Во останатите мечеви од вчерашната понуда: Кливленд – Орландо 97-83, Минесота – Феникс 120-95 и Њујорк – Филаделфија 111-104.

Се вчитува...