Лејкерс ќе бидат значително ослабени во Орландо

Првиот фаворит за освојување на НБА лигата, Лос Анџелес Лејкерс ќе биде значително ослабен во продолжувањето на сезоната кое ќе биде во Орландо.

Во тренерскиот тим на Лејкерс нема да биде Лајонел Холинс кој има 66 години и мали здравствени проблеми, па поради тоа нема да патува со тимот на Флорида. Холинс ќе продолжи со неговата работа, но со главниот тренер Френк Вогел ќе комуницира само преку интернет.

Сезоната во НБА лигата ќе продолжи на 30. јули во „Дизниворлд“ во Орландо, а Лејкерс првиот натпревар по враќањето ќе го играат со градскиот ривал и главен конкурент на Западот, ЛА Клиперс.

Се вчитува...