Лејкерс повторно ги прегазија Клиперс, Атланта делува моќно (ВИДЕО)

Подготвителните натпревари во НБА лигата продолжија и изминатата вечер во кои Лејкерс повтроно славеа над градскиот ривал Клиперс, овој пат со убедливи 131-106. Актуелниот шампион повторно настапи без своите најдобри играчи, Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, но овој пат бесна Хортон-Такер со 33 поени, 10 скока и 4 асистенции, а Кузма додаде 25 поени. Кај Клиперс најефикасен играч со 12 поени беше Вилијамс, додека Ленард додаде 11 поени.

Атланта се наметнува како еден од најинтересните тимови во источната конференција, а тимот на Богдан Богдановиќ славеше над Орландо со 116-107. Јанг ги предводеше Хокс со 21 поен, додека Богдановиќ дададе 18 поени. Кај тимот од Орландо најрасположен беше Фулц со 21 поен, додека Вучевиќ натпреварот го заврши со 14 поени и 15 скокови.

Во останатите натпревари Сакраменто го совлада Портланд со 106-121, Детроит го доби Њујорк со 99-91, Чикаго славеше над Хјустон со 104-91.

Се вчитува...