Лејкерс на само еден чекор од финалето: Јокиќ потфрли, Денвер немоќен…

ЛА Лејкерс се на само еден чекор од финалето во НБА лигата откако во финалната серија од Западната конференција триумфираа против Денвер со 114-108, поведувајќи со 3-1.

Леброн Џејмс и друштвото уште во првата четвртина дојдоа до двоцифрена предност која се одржуваше до почетокот на последниот период. Тогаш Денвер дојде до негатива од само еден поен (87-86), но „езерџиите“ сепак успеаја да бидат далеку подобри во клучните моменти доаѓајќи до заслужена победа.

Повторно на паркетот најдобар беше Дејвис со 34 поени, а Џејмс дополни со 26 поени и девет асистенции. Кај Денвер најефикасен беше Мареј со 34 поени, додека потфрли Јокиќ кој натпреварот го заврши со скромни, за него, 16 поени.

Се вчитува...