Лејкерси газат, Милвоки шокиран, прва радост за Голден Стејт

ЛА Лејкерс во голем стил ја стартуваше сезоната, стигнувајќи до нов триумф во импресивна игра. Минесота им гостуваше на шампионите, при што „езерџиите“ не му дозволија на овој тим ниту за момент да се понадева на изненадување. Лејкерси ја добија првата четвртина со 40-23, по што имаа рутинска задача, да ја задржат убедливата предност до самиот крај. Кузма ги предводеше стрелците со 20 поени, додека Леброн Џејмс реализираше 18 поени, 9 скокови и 5 асистенции.

Милвоки неочекувано претрпе пораз на гостувањето против аутсајдерот Њујорк, и тоа со убедливи 130-110. Одбраната воопшто не функционираше, бакси во секоја од четирите четвртини примија над 30 поени, не успевајќи да ги запрат налетите на расположените домашни кошаркари. Рендал со 29 и Пејтон со 27 поени беа предводници на Њујорк во големиот триумф, Адетокумбо оствари дабл-дабл од 27 поени и 13 скокови за Милвоки.

Голден Стејт во драматичен меч славеше на гостувањето против Чикаго со 128-129. Левајн погоди на пет секунди до крајот за водство на Чикаго, но „воините“ стигнаа до триумф благодарение на тројката на Ли. Стеф Кари ги предводеше стрелците со 36 поени, додека на спротивната страна Ливајн беше најефикасен меѓу „биковите“ во 33 поени.

Резултати НБА:

Шарлот – Бруклин 106-104, Њу Орлеанс – Сан Антонио 98-95, Вашингтон – Орландо 113-120, Кливленд – Филаделфија 118-94, Њујорк – Милвоки 130-110, Чикаго – Голден Стејт 128-129, Индијана – Бостон 108-107, Сакраменто – Феникс 100-116, ЛА Лејкерс – Минесота 127-91.

Се вчитува...