Лејкерси конечно победија, изненадување во Њујорк

Лејкерси го преживеаја извонредниот Џа Морант и неговите 40 поени, па успеаја да слават на крајот, а фантастичниот кошаркар на Мемфис беше трагичар.

Имено, Басмор го фаулираше на 2,5 секунди пред крајот, на шут за три поени. Морант го промаши третото фрлање и не успеа да го одведе натпреварот во продолжение. Мело Ентони кај домашниот тим запиша 28 поени, Дејвис додаде 22, со 4 блокади, Леброн се разигра нешто покасно, па запиша само 19 поени. Кај гостите се истакна Морант, кој постигна 40 поени а додаде и 10 асистенции, пет тројки, најмногу во кариерата. Ова е прв пораз на Гризлис по две стартни победи.

Стеф Кари постигна 27 поени, имаше 10 асистенции и 7 скока, а Голден Стејт му ја однесе победата на Сакраменто во малото дерби на Пацификот.

Братот на Стеф, Сет, имаше своја вечер, броеше до 28 во победата на Филаделфија против слабата Оклахома. Ембид додаде 22 поени, Сиксерс се уште се без Ембид кој сака да го напушти клубот.

Џејсон Тејтум конечно влезе во форма, постигна 31 поен во Тексас, Хјустон беше идеален противник. За Рокетс утеха е одличната партија на вториот пик на драфтот Џејлен Грин кој погоди осум тројки и заврши со 30 поени.

Изненадување се случи во Њујорк, 29 поени и 16 скокови на Кол Ентони. Орландо неочекувано стигна до победата против фаворизираниот домаќин, Теренс Рос беше незапирлив во последната четвртина кога постигна 22 поени за Меџик.

ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ:

Бруклин – Шарлот 95:111
ЛА Лејкерс – Мемфис 121:118
Сакраменто – Голден Стејт 107:119
Оклахома – Филаделфија 103:115
Њујорк – Орландо 104:110
Хјустон – Бостон 97:107

Се вчитува...