Лејкерси ликуваат: Го имаме најдобриот играч во светот… и Леброн

Убедливиот триумф на првиот финален меч со Мајами уште повеќе ја крена атмосферата во таборот на ЛА Лејкерс, откако „езерџиите“ демонстрираа моќ и направија чекор напред кон освојување на шампионскиот прстен. Во главна улога повторно беше Ентони Дејвис, кој беше најдобар стрелец со 34 поени, по што одличниот центар ги собра комплиментите од соиграчите.

„Го имаме најдобриот играч во светот… плус Леброн Џејмс. Искрено, ако мене ме прашувате, Дејвис моментно е број еден во светот, извонреден е на двата дела од теренот и секогаш е тука кога е најтешко“, изјави Маркиф Морис, резервниот крилен центар на „езерџиите“.

Дејвис го заврши денешниот натпревар со 34 поени, девет скокови, пет асистенции и три блокади. Само тројца кошаркари во историјата на НБА постигнале повеќе поени во својата прва финална средба во кариерата, тоа се Мајкл Џордан, Алан Ајверсон и Кевин Дурант.

 

Се вчитува...