Лејкерси со неочекуван херој поведоа против Хјустон, Њујорк подобар од Аталанта

Лос Анџелес Лејкерс ги победија Хјустон Рокетс со 107-98 во првиот натпревар од првото коло од плејофот во НБА. И покрај отсуството на Дончиќ и Ривс, Лејкерси лесно победија и го направија првиот чекор кон следната рунда од плејофот.

Лос Анџелес ја контролираше играта благодарение на високиот процент на шут од поле и солидната одбрана, која го ограничи Хјустон на 37,6 проценти шут.

Лејкерси го свртија натпреварот во втората половина – поведоа на почетокот на третата четвртина и изградија водство од 16 поени во последната четвртина. Кенард потоа постигна 16 поени, додека Џејмс имаше осум асистенции во првата четвртина.

Најефикасен играч во победничкиот тим беше Лук Кенард со 27 поени, што стана „неочекуван херој“. Ова е негов најдобар резултат во кариерата во плејофот, додека Леброн Џејмс додаде 19 поени и 13 асистенции.

Њујорк Никс ги победија Атланта Хокс со 113-102 во првиот натпревар од првото коло од плејофот на Источната конференција и поведоа со 1-0 во серијата.

Се вчитува...