Лејно облеана во солзи пред медиумите: Не можам да се воздржам… Жал ми е!

ЕКИПА во Будимпешта,

Билјана Б. Петрушева, Кристијан Димевски

Ако некој е вистински херој на „вардарки“ во годината која означува крај на ракометниот проект тогаш дефинитивно тоа е Амандин Лејно…

Облеана во солзи, веднаш по церемонијата на прогласувањето на најдобрите, воопшто не грижејќи се и за личната награда – МВП на Ф4 турнирот во Будимпешта, Лејно се појави пред македонските медиуми во микс-зоната на „Ласло Пап арената“. И, но можеше да се воздржи…

„Жал ми е… Се извинувам, но навистина ми се плаче“ – прокоментира Лејно, губејќи го гласот повеќе од 30 секунди, за да сепак собере сили и прокоментира накратко за својот последен настап на европската сцена во дресот на Вардар.

„Многу ја сакавме победата, но видовте и самите дека беше навистина тежок натпревар. Се подготвуваме за титулата, сите го посакувавме тоа, но Ѓер е квалитетна екипа кој беше и посреќна па повторно стигна до трофејот. Нас ни е жал што во последната сезона овој состав на девојки не успеа да дојде до трофејот“ – рече Лејно.

Се вчитува...