Лејно против идниот, Алтхаус против поранешниот клуб

ЕКИПА во Будимпешта,

Билјана Б.Петрушева, Кристијан Димевски

Вардар втора година по ред ќе игра против Ѓер за титула во Лигата на шампионите. Овој дуел, покрај сите статистики и куриозитети, за две ракометарки ќе има посебно значење – за Амандин Лејно и за Ања Алтхаус. Едната денеска ќе се бори за титула против својот иден, другата против својот поранешен клуб.

Популарната „Дуду“ го игра последниот натпревар за Вардар во Лигата на шампионите. Од следната сезона, француската репрезентативка ќе го брани токму голот на Ѓер.

„Се разбира дека во ова финале сакам да победам со Вардар, а следната сезона да победам со Ѓер“ – вели Амандин Лејно.

Лејно во Вардар дојде во 2013 година. Од онаа прва „француска тројка“ во македонскиот шампион, со Сираба Дембеле и Алисон Пино, само таа остана во Скопје пет сезони. Симпатичната Французинка уште од прв ден ја освои македонската публиката и ги имаа симпатиите и ден денес. Во изминатите пет години, на голот реши многу дуели на Вардар, а Лејно беше еден од  клучните фактори и во вчерашната победа во полуфиналето против Ростов Дон.

На другата стана, во денешното финале во составот на Ѓер против Вардар ќе биде поранешната вардарка Ања Алтхаус. Германката го носеше дресот на Вардар во периодот од 2014 до 2017 година. Алтхаус лани замина од Вардар со најава дека планира да ја заврши кариерата, но понудата од Ѓер и ги смени плановите.

Минатата година, Алтхаус со Вардар се бореше за титула против Ѓер. Во денешното финале, со Ѓер ќе се бори за титула против Вардар, за неа трета во ЛШ, по оние две што ги има освоено со Виборг во 2009 и во 2010 година.

Се вчитува...