Лејвер: Ќе бидам среќен ако Новак го освои календарскиот слем

Легендарниот Род Лејвер изјави дека би бил среќен доколку Новак Ѓоковиќ стигне до календарскиот Гренд слем на УС Опен. Српскиот тенисер ги освои Австралија Опен, Ролан Гарос и Вимблдон, па ќе има можност да стигне до календарскиот Гренд слем на УС Опен.

Ако триумфира во Њујорк, ќе го направи она што на никој во машка конкуренција не му успеало, и тоа од времето на Род Лејвер во 1969 година.

„Со задоволство ќе му честитам ако победи на четвртиот слем. Би бил среќен ако Новак стане дел од клубот“, изјви Лејвер.

Легендарниот Австралиец верува дека притисокот ќе биде најголемиот проблем за Србинот во Њујорк.

„Никогаш не реков дека сакам да победам на Гренд слем, бидејќи тоа создава притисок. Ѓоковиќ сака да зборува за тоа … И мислам дека притисокот е единственото нешто со кое Новак би можел да има проблеми“, изјави Род.

Во машка конкуренција, Дон Беџ беше првиот што победи на сите четири Гренд слема во истата сезона – 1938. Потоа Лејвер го повтори тој успех во 1962 и 1969 година.

Се вчитува...