Лек за досада: Карачиќ и Душебајев ќе ги учат Полјаците странски јазици

Киелце ја доби титулата во полското првенство со административна одлука, но полскиот првак во меѓувреме најде занимација за своите ракометари – кои во следните триесетина дена ќе бидат учители по странски јазици.

Идејата е оригинална и навистина одлична, сите странски ракометари ќе одржат најмалку по еден час на својот јазик, а навивачите на Киелце ќе имаат можност да учат преку видеата што ќе бидат објавувани официјалниот јутјуб-канал на полскиот првак.

Прв „професор по странски јазик“ од Киелце беше Анхел Фернандез, а покрај него лекции по шпански ќе делат и Агинагалде и браќата Алекс и Дани Душебајев. Доскорешниот „вардарец“ Игор Карачиќ ќе биде „професор по хрватски“, голманот Андреас Волф ќе дели лекции по германски јазик, а Каралек и Кулеш ќе ги учат полските фанови на тајните на белорускиот јазик.

Киелце во следниот период ќе има и час по турски јазик, во улога на професор ќе биде Форук Пеливан, а Ромарик Гуилјо ќе држи час по француски.

Погледнете како изгледаше премиерниот час по шпански во Киелце, во изведба на Анхел Фернандез.

 

Се вчитува...